Уредот наречен AlterEgo кој го конструираше MIT, ги разбира зборовите кои ги изговарате во своите мисли.
Користејќи вештачка интелигенција, уредот со помош на електроди ги „преведува” мислите во зборови кои се слушаат. Оваа појава, позната како субвокализација, односно пракса на тивки зборови во глава ни е позната од научно-фантастичните филмови, сега е достапна и во реалноста.
AlterEgo се носи на лицето и е во состојба да ги прима невромускулните сигнали кои се активираат кога изведувате субвокализација. Уредот е составен од прв дел кој содржи електроди задолжени за собирање на сигналите кои се создаваат за време на размислувањето во главата и втор дел кој содржи слушалка за таканаречена коскена спроводливост, која ги користи вибрациите кои пристигнуваат. Сигналите на крај се пренесуваат до компјутер, кој со помош на машинско учење и вештачка интелигенција ги преведува во зборови.
За сега, неговата употреба е прикажана за време на играње шах, за управување со сервисот ROKU и некои други забавни содржини, но неговите можности се многу поголеми од спомнатите. Со создавањето на овој уред, се отвора ново заглавје во медицината и технологијата, кое ќе помогне да се совладаат многи до сега непремостливи пречки во комуникацијата помеѓу луѓето со луѓето, а посебно со машините.