Холандска компанија собира електрична енергија од живи растенија и потоа ја користи да ги напојува полначите за телефони, Wi-Fi хотспотови и повеќе од 300 LED улични светилки во Холандија. Компанијата Plant-e за прв пат го претстави проектот Starry Sky во 2014 година во близина на Амстердам, а сега електричната енергија од растенијата се користи и во близина на седиштето на компанијата во Вагенинген.
Многу истражувачи бараат начини да генерираат електрицитет од воздухот, а оваа идеја е слична. Основачите на Plant-e размислувале каде во природата има енергија која може да се собере и да се користи од страна на луѓето. Откриле дека таква енегија се создава како нуспроизвод на фотосинтезата. Модулите за енергија од растенијата на Plant-e се еден вид навестување за револуцијата на чистата енергија во иднина.
Plant-e не само што не им наштетува на растенијата кога ја собира енергијата, туку енергијата што ќе се собере е во доста голема количина. За енергијата за уличниот систем во Холандија ратенија се одгледуваат во пластични контејнери со големина од 0,2 квадратни метри. Растенијата вршат фотосинтеза и ја претвораат соларната енергија во шеќери. Како што растат, секогаш произведуваат повеќе шеќери отколку што им се потребни, а вишокот се ослободува преку коренот во околната почва и се разложува на протони и електрони. Системот на Plant-e со помош на електроди во почвата ја собира енергијата.