Најпопуларниот веб прелистувач во светот Google Chrome ќе добие радикално нов дизајн подоцна оваа година, соопшти „Андроид Њуз Хедлајн“, повикувајќи се на програмери.
Google се очекува да го надгради дизајнот на прелистувачот, во стилот на „Material Design 2“ кој ќе има заеднички елементи со оперативниот систем Андроид 9.0. Детали за новата платформа ќе бидат претставени на Google I/O конфренцијата за програмери во мај оваа година.
Се вели дека надградбата на Chrome на „Material Design 2“ ќе се случи на почетокот на есента, дури и се спомнува точниот датум – 2 септември.
Не е случајно избран датумот за ажурирање, бидејќи тогаш прелистувачот на Google полни 10 години.
Поврзани артикли