Верувале или не, американскиот старт-ап Orion Span е одлучен во намерата да изгради луксузен хотел во Вселената под името „Aurora Station“.
Ова го открил директорот и основач на старт-апот Френк Бунгер. Хотелот ќе може да прими шест гости во исто време, вклучувајќи и двајца членови на екипажот, а првите гости во хотелот би требало да се појават 2022 година.
– Целта ни е вселената да ја направиме достапна за сите. Патниците до хотелот ќе патуваат брзо и по најниска цена, рекол Бунгер.
Патувањето во вселената ќе чини 10 милиони долари, а во понудата која ќе трае 12 дена на туристите ќе им биде понудено да летаат на висина од 320 км над површината на Земјата.
Хотелот ќе орбитира околу Земјата на секои 90 минути, што значи дека гостите ќе можат да видат 16 изгревања и заоѓања на Сонцето во 24 часа.