Новиот паметен телефон на кинескиот производител Huawei, наследник на моделот Honor 9, би можел да биде претставен на 15. мај во Лондон.
Honor 10 би можел да биде покомпактен од својот претходник и има помал екран од моделот Honor View 10, кој поседува екран со дијагонала од 5,99 инчи. На почетокот на минатиот месец се зборуваше за екран со Full HD резолуција и дијагонала од 5,7 инчи.
Можно е дека поголем дел од предниот дел на уредот ќе го сочинува екранот, како што е случај со бројните нови модели на паметни телефони претставени во последно време и дека софтверот за камерата ќе биде поддржан со вештачка интелигенција.
Освен тоа, се очекува дека ќе го покренува процесорот Kirin 970, поддржан со четири или шест GB RAM. Уредот би можел да пристигне со 64 или 128 GB меморија, две задни камери (12 и 20 мегапиксели) и една предна (осум мегапиксели).
Исто така, можно е дека до крајот на годината ќе имаме прилика да го видиме изданието Honor 10 Lite со ист екран, процесор Kirin 670, три или четири GB RAM и двојни камери.