Кинески научници развија нов градежен материјал отпорен на оган, кој може да издржи пламен од приближно 1.300 степени Целзиусови.
Истражувачите од Универзитетот за наука и технологија создадоа композитен аерогел со ниска топлотна спроводливост, многу отпорен на оган.
Композитот, кој е синтетизиран од фенол-формалдехидна смола и силициум, може да издржи оган од висока температура без дезинтеграција.
Самиот композит е доста еластичен и покажува многу поголема отпорност на оган од останатите изолациони материјали, кои моментално ни се достапни.
Според научниците, ако се користи во ѕидовите, материјалот може да даде зголемена заштита за бетонски структури, во случај на пожари, што ќе овозможи повеќе време за евакуирање на објектот.
Исто така, може да се употребува и при изолација на постари згради.