Верзијата „39.0“ која има за цел само поправка на грешки, повеќе нема да биде достапна на Apple Watch.
Тоа веројатно е поради новите рестрикции кои ги форсира Apple. Имено, од 1. април сите надоградби ќе мора да бидат прилагодени само на оперативниот систем watchOS 2 SDK и понови верзии.
Апликацијата Instagram датира од деновите на WatchKit 1.0, кога софтверот од трети лица не беше во можност да стартува на часовникот сам по себе: никогаш не доби „feature“, како што е видеото или можноста за работа преку LTE конекција.
Со оглед на тоа дека апликацијата Instagram фокусирана на разгледување видео и гледање на содржини на екранот на телефонот, тоа е добар знак дека оваа друшствена мрежа нема да може да се користи на Apple Watch, ниту од друга страна има намера да прави платформа предвидена само за него.
Извор: B92.net