Лос Анџелес доби невообичаен музеј – за селфи. Интерактивната изложба, организирана од Томи Хонтон и Таир Мамедов, веќе е отворена за јавноста, а целта ѝ е да го слави овој феномен и неговата историја во наредните два месеца.
Во музејот посетителите ќе можат да направат перфектно селфи, а ќе се запознаат и со бројни интересни факти за овој тренд. Хонтон и Мамедов гледаат на овој концепт како нешто повеќе од правење фотографии.
Сличен музеј посветен на селфи фотографиите е отворен на Филипините во 2015 година. Во меѓувреме, во Глендал, предградие во Лос Анџелес, изложбата е последна во низата музеи кои се појавија изминатиот период.