Британската компанија Јагуар Ленд Ровер, која е сопственост на Тата Моторс, во блиска иднина да ги користи софтверските услугите на Блекбери.
Акциите на Блекбери изминатава година остварија раст од 80 отсто, откако компанијата, по трката за производство на мобилни уреди, се преориентираше кон софтвер и уреди за забава во автомобилите. Надградбата на нивниот автомобилски софтвер, се планира за наредната 2019. година.
– Самоуправувачките возила ќе се движат и ќе реагираат врз основа на богата база на податоци. Нашите платформи го помагаат процесирањето податоци, и го прават возењето поефикасно, посигурно и подоверливо, изјави генералниот директор на Блекбери, Џон Вол.
Блекбери веќе потпиша договори со компании како Куалком, Бајду и Аптив.