Кинескиот сателит „Тијангонг 1″, кој поради дефект почнал неконтролирано да паѓа кон Земјата, би можел веќе утре да влезе во атмосферата на нашата планета, но мала е веројатноста дека некој негов дел би можел да падне на земјината површина.
Европската вселенска агенција проценува дека тоа ќе се случи утре, во текот на денот, додека претходните проценки на кинеската вселенска агенција биле дека тоа ќе се случи меѓу сабота и среда.
„Тијангонг 1” е вселенска лабораторија долга 10,4 метри и тешка 8,5 тони која била лансирана во 2011. година како експериментална платформа за поголеми проекти во рамките на амбициозниот план на Пекинг до 2023. година да има постојана вселенска агенција во Земјината орбита.
Се очекува дека „Тијангонг 1” ќе согори при влезот во Земјината атмосфера, и дека нема да претставува закана по луѓето и имотите на површината.
Западните експерти тврдат дека Кина ја изгубила контролата над својот сателит, но во Пекинг тоа го негираат.