Компанијата Tesla повлекува 123.000 возила од најдобро продаваниот „Модел C“ поради проблеми со управувачкиот механизам. Ваквата информација од производителот купувачите на електричните возила ја добиле по електронска пошта.
Повлекувањето на автомобилите, инаку најголемото кое досега го спровела компанијата на милијардерот Елон Маск, се однесува на луксузните „седани“ произведени пред април 2016 година.
Инаку, во вторникот акциите на Tesla забележаа пад откако американската влада објави дека испитува фатална несреќа во која учествувал нивниот модел X SUV. Информацијата за повлекувањето на 123.000 возила е само уште една во низата лоши вести за Елон Маск. Сè повеќе и повеќе луѓе мислат дека Tesla нема да го дочека крајот на годината.
Така, повеќе светски медиуми во последните неколку дена ги пренесоа лошите прогнози на познат инвестициски фонд кој тврди дека Tesla ќе банкротира во рок од неколку месеци, а единствениот спас е во прилив на свеж капитал или, како што вели директорот на фондот, Џон Томпсон, „зајак од шапката на Eлон Маск“.