Крузерот “Симфонија на морето” на компанијата “Ројал Карибијан” моментално се наоѓа на пристаништето во Малага.
Огромниот брод кој е само 20 метри пократок од Емпајер Стејт Билдинг во Њујорк тежи 228.000 тони и е долг 362 метри. Со ширина од 66 метри, висина од 72 метри и 2.750 патнички кабини може да угости околу 6.680 патници и 2.200 членови на екипажот.
На крузерот се наоѓа и семеен апартман на две нивоа кој нуди доволно место за осум лица, а во истиот дел од бродот се наоѓа и тобоган со помош на кој гостите можат да стигнат од горниот до долниот кат, ѕид од Лего коцки од подот до таванот, како и маси за пинг-понг.
Гостите во апартманот можат да се опуштат со приватно кино од 85 инчи или да играат некоја од видео игрите од колекцијата. Исто така, тие на располагање имаат и огромно хидромасажно џакузи на тераса со поглед кон океанот.
На “Симфонија на морето” постојат дури 8 палуби, 20 ресторани и повеќе од 6 барови. На гостите никогаш нема да им биде здодевно бидејќи на располагање имаат жичари, лизгалиште, терен за мини голф, симулатор за сурфање и куглана.
На бродот постои казино, десеткатен тобоган и парк со 12 илјади билки, како и огромно водно кино.
Изградбата на огромниот брод изнесува околу една милијарда евра, а направен е на бродоградилиште во Франција.
“Симфонија на морето” кој е 25-ти брод во сопствеништво на компанијата “Ројал Карибијан”, ќе ги поведе своите гости на прво крстарење по Медитеранот во април, а се очекува да се врати во својот “дом” во Мајами кон почетокот на ноември.
Погледнете го видеото: