Иако според инжинерската структура делува како едноставен уред, мал дефект може да предизвика проблем.
Најопасниот електричен уред во домот е бојлерот. Иако, според инжинерската структура делува како едноставен уред, мал дефект може да предизвика проблем.
Водата е полна со бигор, а тој е воедно најголемиот проблем кога во прашање е работата на бојлерот, па бигорот од првиот ден на употреба го „напаѓа“ казанот на бојлерот и греачот.
Емајлираните бојлери имаат краток работен век, но се поповолни при купување. Затоа можат да протечат после 5-10 години користење.
Бојлерите со казан од инокс се поскапи, но значително потрајни. Поради тоа, кај моделите со емајлиран казан пожелно е барем на две години да се чисти бигорот.
Со оваа постапка се продолжува работниот век на греачот, а и на самиот бојлер. По низа години во бојлерот може да се наталожат и повеќе од 20 кг бигор, пренесе CdM.
Вториот, многу поголем проблем се струјните удари. Бојлерот мора да биде исправен и правилно поврзан. Електричната инсталација мора да биде исправна и заземјена. Ако заземјувањето во инсталацијата не е добро, постои поголема опасност од струен удар, некогаш, за жал, со фатални последици.
Затоа од исклучителна важност е при туширање бојлерот да биде исклучен.
Опасност може да претставуваат и неисправно поврзани термостати и сигурносни вентили. Водата во казанот се грее без контрола.
Ако термостатите откажат, а сигурносниот вентил не е исправен, во бојлерот доаѓа до создавање притисок и поради тоа може да експлодира. Најдобар вид превенција се редовни сервиси, на две-три години.