За да докаже дека Земјата е рамна плоча, Мајк Хјуџс (61) направил сопствена ракета и се лансирал преку 500 метри во воздух. Ракетата слетала во пустината Мохава, а по прегледот на лекарот, утврдено е дека Мајк имал болки само во грбот.
– Се чувствувам многу полесно сега. Ми беше преку глава сите да зборуваат дека се преправам и дека не сум направил никаква ракета. Уморен бев од тие работи, изјавил Мајк по слетувањето.
Flat-Earther blasts himself into the sky on homemade rocket (and he survives)… https://t.co/w1MfSTDrLG
Via @LiveScience. #MadMikeHughes pic.twitter.com/FMmaE8bWYT— Spaceflash News (@spaceflashnews) March 25, 2018
Иако неговото лансирање било закажано за крајот на минатата година, поради бројните дозволи и технички проблеми, Хјуџс го одложувал летот до неделата. Тој инаку е возач на лимузина, а неговата ракета летала околу 15 часа. Откако досегнала одредена висина и брзина, се отворил падобранот. Ракетата и понатаму паѓала пребрзо, па се отворил и резервниот падобран. Целиот настан траел неколку минути.
https://www.facebook.com/NoiZeTV/videos/1620054478108992/
„Дали верувам дека Земјата е рамна како фризби? Верувам дека е. Но, дали го знам тоа? Не. Затоа сакам да патувам во вселената“, вели Хјуџс.
Тоа е неговиот следен проект. Мајк сака да изгради нова ракета што ќе го одведе до атмосферата. Ова е веќе втор пат да направи ракета и да се лансира во воздух. Првиот пат тоа го направил во 2014 година, а за закрепнување од слетувањето му биле потребни три дена.