Нема да ви е потребно да поседувате автомобил Tesla, или било каква кола за да можете да ја користите подземната превозна мрежа на Елон Маск доколку таа стане реалност.
Маск го пренасочи својот фокус од брзи автомобили на автоматски подземен транспорт во неговата нова стартап компанија, The Boring Company, за на улиците да се даде приоритет на пешаците и велосипедистите пред возачите.
Системот е дизајниран да користи компјутерска платформа за насочување на возилата низ тунели, возила што ќе достигнуваат брзина и до 240 километри на час. Тунелите се планирани да се копаат под Лос Анџелес во државата Калифорнија, САД.
Елон Маск ја добил идејата за тунел под градот додека еден ден бил заглавен во сообраќајот. Во тој момент Маск напиша на Твитер: ,,Сообраќајот ме полудува. Јас ќе изградам машина за копање тунели и ќе започнам со копање под градот’’.