Компаниите Samsung и Disney ќе ги оживеат омилените Disney ликови во форма на пиктографи за изменета реалност – AR emoji за најновите уредите Galaxy S9 и Galaxy S9+.
Корисниците на овие телефони ќе можат директно да им пристапат на славните Disney ликови – Мики Маус и Мини Маус, за да креираат персонализирани пораки, а сето тоа преку AR Emoji функцијата на камерата на нивниот телефон. Покрај Мики Маус и Мини Маус, ликовите од омилените Дизни цртани, како што се Неверојатните (The Incredibles), Зоотопија (Zootopija) и Ледената кралица (Frozen), ќе бидат постепено додадени во текот на годината.
“Со поставувањето на нашите ликови и приказни за новата дигитална платформа, создаваме секојдневно доживување на Дизни светот, на било кое место каде што се наоѓа нашата публика. Ова ни овозможува да привлечеме нови генерации на обожаватели. Disney AR Emoji – пиктографите за изменета реалност нудат иновативен пристап до содржините за Samsung Galaxy S9 и S9+ и еден забавен начин да внесете малку магија во испраќањето на пораки”, изјави Џон Лав, Потпретседател на Секторот за Aпликации во Потрошувачката и Интерактивна Медиумска Компанијата на Disney.
“Во светот секојдневно се испраќаат повеќе од шест милијарди пиктографи за изменета реалност. Со развојот на AR Emoji сакаме да обезбедиме, забавен и возбудлив начин на комуникација и нов начин на оживување на анимираните слики. Знаевме дека Disney, како креатор на некои од омилените ликови низ историјата, е најдобар партнер за овој наш подфат. Поради тоа, сакавме нашите AR Emoji да станат најсреќните лица на овој свет и да им овозможиме на нашите корисници пристап до најпопуларните ликови кои сега можат да ги споделуваат преку различни платформи.“ – изјави Јунгхи Ли, Маркетинг Директор и Извршен Потпретседател на Samsung.
Пиктографите за изменета реалност – AR Emoji, во рамки на Galaxy S9 и Galaxy S9+ им овозможуваат на корисниците да креираат забавни пораки кои можат во потполност да ги прилагодат по своја желба и да им ги испратат на пријателите. AR Emoji користат технологија на длабоко учење и препознавање на ликовите, преку која се мапираат повеќе од 100 фацијални црти за секој лик. На овој начин, се креира тродимензионална реплика, овозможувајќи им на корисниците да создаваат забавни, уникатни пораки испратени до своите пријатели. Пиктографите за изменета реалност нудат осумнаесет фабрички поставени “налепници“ (“stikers“) во стандарден “AGIF“ формат, кој може да се споделува со секого, без оглед на тоа каков паметен телефон има примачот на пораката. Кога корисниците ќе најдат AR Emoji кој навистина им се допаѓа, можат да го постават постојано да се прикажува на нивниот “постојано вклучен“ (Аlways On) екран и на овој начин секогаш да уживаат во него кога ќе погледнат во својот телефонот.
Поврзани артикли