Секојдневно продолжуваат да пристигнуваат нови детали за новиот Huawei P20, кој според сите досегашни информации се очекува да има три камери на задниот дел. Сега, WinFuture ни открива и какви леќи ќе имаат трите камери.
Најмалку моќната камера ќе има 8 мегапикселна telephoto леќа, средната камера ќе биде со црно-бела леќа од 20 мегапиксели и најмоќната ќе има RGB леќа со одлични 40 мегапиксели.
За оние кои не се многу запознати со максималната моќ на камерите во модерните смартфони, камерата на новиот P20 ќе биде една од најдобрите кои некогаш излегле на пазарот, а пред неа ќе остане само легендарната камера Nokia PureView на Nokia 808 и Lumia 1020. На предната страна од овој телефон ќе има камера со 24 мегапиксели.
Huawei P20 веројатно ќе има Android 8.1 Oreo оперативен систем, но тој ќе биде надграден со неколку опции кои ги имаат само телефоните на Huawei.
Телефонот доаѓа и со 6 GB RAM и 6,1-инчен екран, а неговата промоција е закажана за 27 март. Цената во Европа се шпекулира дека ќе биде 899 евра.
Извор: Klix.ba