Facebook цензурираше уметничко дело поради голотија

Компанијата Facebook призна дека направила грешка кога ја цензурирала славната слика на Ежен Делакроа – “Слободата го води народот”, поради прикажување на жена со голи гради.

Ремек делото на овој сликар од 19-ти век било дел од онлајн кампања за една театарска претстава во Париз, изјавила режисерката Џоселин Фиорина.

“Отприлика 15 минути откако ја поставивме на Facebook, објавата беше блокирана со порака дека не можеме да прикажуваме голотија”, објаснила таа.

Станува збор за слика посветена на револуцијата од 1830 година, во чие средиште помеѓу револуционерите, се наоѓа полугола жена со француско знаме во раката.

Тоа, меѓутоа не е било која жена туку Мариен – француски национален симбол и алегорија на слободата.

По обвинението, Facebook се предомисли и се извини за “грешката”.

“Сликата “Слободата го води народот” има свое место на Facebook. Ги известивме корисниците дека нејзината објава е одобрена”, објавила Елоди Ларкис, претставничката на Facebook во Париз.

Ова не е прв пат Facebook да ги цензурира уметничките дела кои прикажуваат голотија и не е прв пат поради тоа подоцна да се извини.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

5 × 2 =