87-годишната Concha Garcia Zaera од Валенсија (Шпанија) доби интернет популарност благодарејќи на нејзините движења со компјутерскиот глушец, а користејќи го Microsoft Paint. Во минатото Zaera користела традиционален начин на цртање, односно користејќи четка и платно, но миризбата на боите кои ги користела и пречеле и на неа и на нејзиното семејство. Во тој период нејзините деца и подариле компјутер, па таа започнала да ја користи апликацијата Microsoft Paint. Според Zaera, цртањето на еден ваков цртеж трае и до две седмици, бидејќи посветува големо внимание и на најситните детали.