Компанијата Facebook периодов се наоѓа во средиштето на голем скандал. Вредноста на најпознатата социјална мрежа во светот се намали за 37 милијарди долари, а нејзиниот сопственик, Марк Цукерберг изгуби шест милијарди долари. И покрај големиот пад, компанијата остана една од највредните на глобално ниво со вредност од 500 милијарди долари, но проблемите се далеку од завршени.
Во однос на оваа криза, ко-основачот на апликацијата WhatsApp, Брајан Актон, на својот твитер-профил постави интересна објава:
Facebook во февруари 2014 година го купи WhatsApp за 19 милијарди долари и со тоа продолжи со својот монопол на пазарот. WhatsApp денес е најшироко распространета апликација за мобилни пораки, фотографии и видеа со 1,5 милијарди корисници.
Инаку, Актон си замина од WhatsApp во септември минатата година, по што ја основа непрофитната организација Signal Foundation, чија цел е да развие технологија што ќе ја штити слободата на изразување и ќе овозможува безбедна глобална комуникација.
Покрај од Актон, Facebook исто така беше критикуван и од поранешниот ментор на Цукерберг, Роџер Мекнами. Тој изјави дека Facebook се соочува со криза во однос на довербата од страна на јавноста, што може да ја уништи компанијата.
Падот на акциите на Facebook е резултат на скандалот поврзан со претседателските избори во САД во 2016 година. Имено, беше откриено дека „Кембриџ аналитика (CA)“, компанија специјализирана за стратешки комуникации, собрала податоци од 50 милиони корисници на Facebook без нивна согласност со цел да ги искористи за изработка на софтвер кој би овозможил предвивување и влијание врз гласањето на бирачите.
Податоците биле собрани преку апликација за психолошко тестирање која ја презеле 270.000 корисници на социјалната мрежа. Истата била креирана од страна на рускиот психолог Александар Коган, кој потоа неоправдано ги отстапил податоците на CA.
Поврзани артикли