Ротацискиот или Ванкелов мотор во автомобилската индустрија никогаш не успеа да ја достигне популарноста и широката имплементација како конкуренцијата, но тоа не значи дека нема одредени предности.
Ротациските мотори развиваат значително поголема моќност од останатите мотори со внатрешно согорување со ист волумен. За жал, не се поефикасни од конкуренцијата, а бидејќи имаат подвижни делови – покомплицирани се за поправки, па до неодамна само Mazda произведуваше автомобили со Ванкелов мотор.
Поради затворениот блок, досега гледавме само симулации и анимации од работата на ротациските мотори, но никогаш целосен циклус на работа – вшмукување, компресија, согорување и издувување на целосно функционален модел.
Генијалците од Warped Perception одлучија да го променат ова и на компактен примерок од мотор монтираа проѕирно куќиште и целиот четиритактен процес го снимија со ултра брза камера.
Доколку сте љубители на механиката како нас, резултатот ќе ви се допадне многу.