Телескопот на НАСА, Кеплер, кој речиси 10 години се наоѓа во галаксијата на Млечниот пат, останува без гориво. Тој телескоп, досега, откри и потврди постоење на дури 2,300 планети кои кружат околу оддалечените ѕвезди.
Кеплер, исто така, понуди увид и во можното постоење на неколку илјади планети, кои допрва треба да бидат потврдени.
Вкупно, 30 од сите потврдени планети, „живеат“ во внатрешните зони на своите ѕвезди, каде би можело да постојат услови за живот на луѓе, како и можноста на нив да постои вода за пиење, како и на Земјата.
Кеплер без гориво ќе остане за само неколку месеци, потврдува инженерот на НАСА, Чарли Собек.
Кеплер се наоѓа во орбита околу Сонцето, на оддалеченост од околу 150 милиони километри. На тој начин земјината гравитација и светлината која се рефлектира, не дејствуваат на него и не влијаат на неговите прецизни мерења на оддалечените планети.
Кога Кеплер воочува егзопланета, не ја регистрира веднаш фотографијата, бидејќи таа е предалеку, туку ги следи разликите во осветленоста, додека планетата полека поминува пред оддалечената ѕвезда.
Врз основа на тоа, експерти на НАСА можат да ја проценат величината и можниот состав на егзопланетата, како и тоа колку долго таа патува околу ѕвездата и колкава светлина привремено блокира.
Кога конечно ќе стане вселенски отпад, телескопот нема да претставува опасност за другите сателити.
Кеплер наскоро ќе биде заменет со нов телескоп – сателитот TESS (Transiting Exoplanet Survey Satellite), кој ќе биде лансиран на 16 април.
Поврзани артикли