Тестирањето на Uber автономните возила во Темпи, Питсбург, Сан Франциско и Торонто било суспендирано после првата несреќа што предизвикала смртен случај.
Жена-пешак починала откако ја удрилo самоуправувачко возило на Uber во Темпи, Аризона. Ова е прва несреќа со смртоносен исход во кој на јавните патишта учествувало автономно возило.
И покрај фактот што имало човек позади воланот, Uber возилото било во автономен режим кога удрило во жената која ја преминувала улицата.
„Изразуваме сочувство до семејството на жртвата и максимално соработуваме со локалните власти во нивната истрага за инцидентот“, изјави портпаролката на Uber.
Поради несреќата, Uber го суспендира тестирањето на автономните возила во Темпи, Питсбург, Сан Франциско и Торонто.