Како епизода од „Црно Огледало“, Wallmart поднесе барање за патент за автономни роботски пчели, технички наречени дронови за опрашување, што потенцијално би можеле да ги опрашуваат културите исто како вистинските пчели.
Дроновите би носеле поле од едно растение на друго, користејќи сензори и камери за откривање на локациите на културите.
Патентот за пчели робот се наоѓа помеѓу петте други патенти за земјоделски беспилотни летала, вклучувајќи и еден кој би идентификувал штетници и друг за следење на здравјето на културите.
Иако точната цел на „Волмарт“ за овие патенти е нејасна, тие може да сигнализираат дека компанијата се надева дека ќе се впушти во земјоделството и ќе добие поголема контрола над синџирот на снабдување со храна.
Ова можеби би имало смисла, со оглед на тоа што Wallmart неодамна се фокусирал на подобрување на бизнисот за испорака на намирници.
Меѓутоа, Wallmart не е прва организација која создала робот-пчела. Во последниве неколку години, научниците постојано се обидуваа да пронајдат решение за намалувањето на бројот на пчелите, кои опрашуваат речиси една третина од храната што ја јадеме и умираат со невидена стапка воглавно поради феноменот наречен колониски колапс.
Истражувачите од Универзитетот Харвард ги претставиле првите „Робопчели“ во 2013 година. Во тоа време, роботите со големина на пчела можеле да летаат само ако биле поврзани со извор на енергија, меѓутоа оттогаш и тоа како напредуваат.
Денес, „Робопчели“ може да стојат на тврда површина, да пливаат под вода и да се нурнат во и надвор од водата. Истражувачите веруваат дека овие „Робопчели“ наскоро ќе можат вештачки да ги оплодат полињата со култури – развој што ќе помогне да се компензираат годишните загуби на пчелите во изминатите две децении.