Можете на неколку начини да проверите дали некој е приклучен на вашата WiFi мрежа
Без разлика на тоа дали ја имате заштитено вашата WiFi мрежа со лозинка или не, некој може да се „закачи“ на неа и да го троши вашиот интернет. Можете да проверите дали некој е приклучен на вашата WiFi мрежа на неколку начини.
За да проверите дали некој друг ја користи вашата WiFi мрежа, ќе треба да ја дознаете MAC адресата на вашите уреди, за потоа да ја споредите со MAC адресата на сите уреди кои се приклучени на вашата мрежа.
Ако ова ви изгледа многу комплицирано, добро е да знаете дека постои полесен начин. Постои апликација која може да ви помогне околу овој проблем и таа се вика Who’s on my Wi-Fi. Оваа апликација ќе ви помогне да ги детектирате сите приклучени уреди на вашата мрежа со тоа што ќе ја скенира мрежата. Секој од уредите ќе биде претставен со икона која му одговара (компјутер, таблет, смартфон), името на уредот, IP адресата и останатите детали за уредот и мрежата.
Земајќи ги во предвид овие податоци, ќе можете да утврдите дали на мрежата се приклучени само ваши уреди или има и некои кои не ги препознавате. Најдобриот совет би бил, откако ќе откриете дека некој туѓ уред е приклучен на вашата мрежа, да го исклучите тој уред од мрежата и да ја промените лозинката на вашиот рутер.
Единствениот проблем со кој може да се соочи апликацијата е тоа што може да содржи непотполн запис на името на уредите, па наместо тоа да стои само името на производителот на самиот уред. Сепак, тоа веројатно ќе ви биде доволно за да откриете дали се работи за ваш или туѓ уред.