Покрај сите предупредувања за опасностите што демнат на интернет и можноста за хакирање на вашите онлајн профили и крадење на личните податоци, многу луѓе не преземаат многу мерки за заштита.
Забораваат дека лозинките лесно се погодуваат, а неажурирањето на антивирусните програми и споделувањето на чувствителни информации со секого може скапо да ве чини.
На многумина им се случува да се логираат на електронската пошта или на профилот на Facebook од туѓ телефон или компјутер и да заборават да се одлогираат. По некое време заборавате каде сѐ сте се логирале и кој сѐ може да го искористи тоа.
За среќа, има начин да проверите дали некој уште е приклучен со вашиот профил на Facebook преку уредот што сте го користеле претходно.
Кога ќе се пријавите на Facebook (преку телефон, таблет или смартфон) изберете ја опцијата Settings>Security and Login> Where You’re Logged In.
Кликнете на Edit и на екранот ќе ви се појават сите уреди на кои сте моментално логирани.
Ќе може да видите дали вашиот Facebook профил се користи преку друг уред за кој вие сте сигурни дека не го користите, како и IP адресата и последното време кога е користен тој уред а пристап до вашиот Facebook профил.
Ако забележите нешто што ве загрижува, има начин да ги спречите несаканите приклучувања. Изберете ја опцијата Log Out Of All Sessions и со тоа ќе ги прекинете сите логирања. Потоа логирајте се одново преку вашите уреди.
Можете исто така да поставите заштита за во иднина и ќе добиете известување секогаш кога некој ќе се обиде да се логира со вашиот профил.
Изберете Settings>Security and Login> Get alerts about unrecognized logins и изберете со која опција сакате да бидете известени.
Извор: B92.net