Кинезите соопштија дека нивните научници успеале да направат таинствен „суперматеријал“ кој што може сите предмети да ги направи невидливи.
Кина тврди дека во Државната лабараторија за метаматеријална модулација на електромагнетната технологија на Технолошкиот институт во Шенжен, научниците успеале да го направат првиот суперматеријал на светот кој што може предметите да ги направи невидливи.
Метаматеријалите се вештачка мешавина на материјали кои што обично не може да се најдат во природата и се создаваат од склопови од повеќе елементи како на пример металот или пластиката. Тие материјали се фино обликувани површини кои се мали, лесни и компактни, односно може да се склопуваат.
Во процесот на „метаматеријалното маскирање“, Кинезите открија дека се манипулира со инфрацрвеното зрачење и контролата на електромагнетното зрачење, а сето тоа практично ги создава „невидливите наметки“.
Точната функција на „суперматеријалот“ во документарниот филм објавен на кинеската државна телевизија не е откриена. Но, кинеската новинска агенција „Сина“ известува дека лабораторијата била директно поврзана со војската и тој материјал ќе биде искористен за маскирање на борбените авиони “J-20”.