Научниците се загрижени поради фактот што не знаат за каква болест станува збор, но се сигурни дека таа може да предизвика светска епидемија.
Светската здравствена организација (WHO) издаде посебно предупредување за болест која беше наречена „болест Х“ (икс). Во нивниот извештај за 2018 година беа претставени болести кои можат да предизвикаат светска епидемија. Покрај ебола, ласа и зика, тие предупредија и за уште еден потенцијално опасен патоген кој би можел да предизвика епидемија.
Научниците се загрижени поради фактот што не знаат за каква болест станува збор, но се сигурни дека таа може да предизвика светска епидемија.
Објаснувањето за оваа болест научниците го наоѓаат во моменталните случувања во светот и на развојот на хемиските оружја, но и на внимателно креираните нови болести кои се создаваат за да го „одбранат“ светот од пренаселеност.
„Болеста Х претставуваат нашите сознанија за тоа дека следната голема светска епидемија може да биде причинета од досега непознат патоген. Примерите од историјата ни покажуваат дека следната епидемија би можела да биде предизвикана од нешто што досега го немаме видено. Треба да бидеме спремни, па затоа планираме детални дијагностички тестови“, рече Џон-Арне Ротинген од одборот за наука.
Од WHO рекоа дека ваквите болести се најопасни за здравјето бидејќи тие доаѓаат со непознати симптоми, па затоа е потребно да се продолжи со истражувањата и развојот на полето на надзор и дијагностика.
„Во незгодно време се појави и огромниот напредок на работата со гени, употребата на отровни гасови, но и развојот на нови оружја од кои настануваат нови бактерии и вируси. Примери за вакви активности во светот има многу, од руските радиоактивни знаци, преку севернокорејските смртоносни нервни агенси до сириските отровни гасови со кои се справуваат со бунтовниците“, пишува во извештајот.
Според наодите, научниците тврдат дека со ваквите синтетички креирани болести никој нема да биде безбеден, бидејќи човечкото тело нема развиено природен имунитет за истите, а тој и не може да биде стекнат. Зголемувањето на популацијата само допринесува за полесно ширење на болестите, а го зголемува и контактот помеѓу луѓето, животните и природата.
Извор: Kajgana.com