Google ја објави најновата верзија Android P пред повеќе од еден месец, пред официјалното претставување на настанот Googlе I/O во мај.
Оваа верзија на оперативниот систем е направена пред се за програмери, што не значи дека во неа нема работи кои се интересни за просечните корисници.
Android добива прв „заб“
Познатиот „заб“, резервиран за сензорот на камерите кои ги видовме на Essential PH-1 и iPhone X пристигнува и на Android уредите.
На пазарот веќе постојат низа уредите кои го имитираат дизајнерското решение на Apple, до таа мерка што Google одлучи целата работа официјално да ја поддржи во новиот оперативен систем.
Според официјалните документи, програмерите автоматски ќе можат да ја променат висината на статусната лента со цел да се избегне сечење на текстот. Нормално, ако тоа го сакаат, програмерите можат да создадат софтвер така да содржи „опкружување на забот“. Програмерите во двата случаи можат да симулираат хaрдверска сонда и на уредите кои немаат засек.
What are your thoughts on the first Android P developer preview? https://t.co/TVTOycMzmV pic.twitter.com/xXp54HHyjo
— XDA Developers (@xdadevelopers) March 8, 2018
Нов храбар дизајн
Иако Google ништо не говори за тоа, естетската страна на новиот Android P доживеа значително поместување во однос на претходната верзија Oreо.
Пристигнуваат поквалитетни потсетници
Google конечно одлучи да ги подобри потсетниците. Во Android P се воведува поддршка за поголем број информативни потсетници од апликациите за разговор. Пораките ќе може да ги видите во контекст на разговорот, да испратите паметни одоговори и да ги прегледате добиените слики веднаш во нотификациите.
Тука е поддршката за повеќе камери
Голем број на уреди со Android пристигнуваат со повеќе камери, но во повеќето случаи користат прединсталирани апликации за нивно користење.
Anrdoid “ вклучува предвградена поддршка за системи со повеќе камери. Тоа значи дека ќе може да се користат функциите како „zoom“ или „bokeh“ во рамките на апликации како што е Instagram. Нормално, ако таа апликација ја поддржува таа функција.
HDR и HEIF
Android P доаѓа со вградена поддршка за профил HDR VP9, кој го олеснува гледањето HDR филмови или стримување на уреди кои поддржуваат HDR.
Тука е и поддршката за HEIF. Се работи за ефикасен систем за компресија на фотографиите што е популарен и кај „iOS 11. Тој фотографиите може да ги намалува на помалку од половина од нивната големи, а да не го загрози нивниот квалитет.