Технолошките гиганти како Samsung и Dyson вкупно инвестирале околу 65 милиони долари во компанијата Ionic Materials од Масачустетс, кои тврдат дека се блиску до производство на безбедна батерија во цврста состојба (solid-state).
Компанијата е создадена во 1986 и креирала сосема нов материјал – течен кристален полимер – кој би можел да ги реши многуте проблеми кои го спречуваат овој вид на батерии да се појават на пазарот.
Тие велат дека литиумските јони се движат дури и побрзо низ нивниот полимер отколку низ конвенционален систем со течни електролити, дека материјалот функционира на импресивни 5 волти. Може да се создаде едноставно и евтино и во споредба со останатите solid-state материјали кои функционираат при температури од околу 60° C, нивниот тоа го прави на собна температура.
Ваква батерија би била многу побезбедна отколку сегашните литиум-јонски кои се запаливи и можат да се прегреат и експлодираат, бидејќи литиумот во неа би бил во незапалива состојба, а би била помалечка, поевтина за продукција и со поголем капацитет од сегашните.
Потенцијално solid-state батериите и би се полнеле побрзо, би траеле подолго и и имале подобри севкупни перформанси во споредба со литиум-јонските, а би биле идеални за употреба во електричните автомобили и смартфоните.
Компанијата нема објавена повеќе детали во врска со нивната нова технологија, така да ни останува да почекаме и да видиме што ќе ни донесе иднината.