Кина не престанува да фасцинира со своите архитектонски и инфраструктурни проекти, а најновиот во низата е првиот соларен пат чија површина е проѕирна.
Делницата на првиот автопат со соларни панели во Кина, е долг околу еден километар, и се наоѓа во близина на градот Жинан во источна Кина. Тој е отворен поради планираните тестирања, а соларните панели се наоѓаат под него, и токму поради тоа целиот е проѕирен, за да може сончевата светлина да допре до нив.
Панелите покриваат 5875 квадратни метри и можат да произведат милион киловат часови енергија годишно, што е доволно за потребите на 800 домаќинства, наведува фирмата која го изведува проектот. Електричната енергија која ќе биде произведена на таа делницата ќе биде користена за осветлување на авто-патиштата и патоказите, како и за камерите, осветлување на тунелите и куќичките за наплата на патарина.
Планот е во иднина да бидат развиени и да функционираат мобилните полнења на електричните возила и обезбедување на интернет врски. Возачите кои веќе го тестирале патот, велат дека чувството при возењето не се разликува од возењето по стандардните патишта и пренесуваат позитивни импресии од првиот авто пат од ваков тип во Кина.
Поврзани артикли