Првиот човек на SpaceX, Елон Маск, на годишниот настан Code Conference, изјави дека планира карго пратките кон Марс да почнат уште во 2018 година, а неколку години потоа планира и мисија со луѓе. Тој сака да ја прати капсулата Dragon Version 2, која може да носи седум луѓе, на мисија до црвената планета уште во 2018 година, но за почеток тоа би била мисија во една насока и без екипаж.
Проблемот е што засега нема начин како да се врати капсулата назад. „Ако работите се одвиваат според планираното, би требало да можеме да лансираме луѓе до 2024 година, кои би пристигнале во 2025 година“ – вели Маск.
За да ја реализира неговата идеја за развој на градови на Марс, SpaceX ќе мора да најде начин да транспортира голем број на луѓе, како и милиони тони опрема.
Маск објаснува дека ракетата која ќе треба да ги однесе луѓето до Марс, ќе мора да биде многу голема, пишува Mashable. Тој нагласи и зошто им е многу важно да ги вратат назад во еден дел ракетните погони.
„Секој од нив чини меѓу 30 и 35 милиони долари. Замислете како голем куп пари лета низ атмосферата и има опасност да за запали или да се распарчи целосно. Зарем не би се обиделе да ги спасите?“ – вели Маск.
На крајот тој вели дека по извесно време и самиот би го посетил Марс, а се надева дека во следните четири до пет години, самиот конечно ќе отпатува до вселената.