Вештачката интелигенција ќе игра голема улога во следната надградба на Windows 10

Следнaтa големa надградба на Windows 10 ќе додаде во оперативниот систем бројни нови функции и технологии поврзани со вештачка интелигенција, соопштија од Microsoft.

Секој развивач на нов софтвер за Windows ќе може да користи вештачка интелигенција во своите проекти. За целта Microsoft создала посебна платформа за вештачка интелигенција, наречена „AI Platform“.
Платформата ќе им даде на програмерите подготвени модели за машинско учење што можат да ги користат во нивните апликации. Слично на „Windows Millennium Platform“.
Нешто повеќе, програмерите ќе можат да создадат софтвер кој активира технологии за вештачка интелигенција, без да се свртуваат кон специјални облачни услуги, користејќи ги само хардверските и софтверските можности на својот компјутер.
Поддршката на општо прифатениот стандард „OННX“ треба да го поедностави развојот на нови апликации. AI иницијативата на Microsoft веќе има поддршка од партнери како Nvidia, Intel, AMD и Qualcomm.