Компанијата Huawei веќе потврди дека следните три нејзини смартфони ќе бидат преставени на 27 март. Веќе е јасно дека на промоцијата ќе ги дочекаме новите модели – P20, P20 Pro и P20 Lite, за кои веќе е познато и по какви цени ќе одат во малопродажба.
Информациите кои ги обелодени популарниот Roland Quandt, кој е еден од најдобро упатените во мобилната индустрија, изјави дека најмоќниот нов модел на Huawei, P20 ќе биде поскап од Galaxy S9 на Samsung, но поевтин од моделот Galaxy S9+.
Во Европа, Huawei P20 Pro се очекува да чини 899 евра, додека Huawei P20 ќе чини 679 евра. Главната разлика меѓу двете верзии на новиот модел на смартфон на Huawei е веројатно само бројот на камери во задниот дел.
Со цена од 369 евра, Huawei P20 Lite ќе биде најприфатливиот модел, а таа сума јасно сугерира дека моделот ќе биде сосема просечен стандард. Трите модели на пазарот ќе се појават на почетокот на април.