Астероид со големина на Емпаер стејт билдинг, наречен „2017 VR12“, денеска пред осум часот по локално време, а околу 15 часот според наше, ќе мине покрај Земјата, и тоа на оддалеченост од речиси 1,5 милиони километри.
Со пречник меѓу 200 и 450 метри, VR12 би можел да биде и поголем од Емпаер стејт билдинг во Њујорк, кој е висок 443 метри.
НАСА овој астероид го карактеризира како „потенцијално опасен“ затоа што сите астероиди што ќе минат покрај нашата планета на оддалеченост од 7,5 милиони километри спаѓаат во таа категорија.
Сепак, нема причина за грижа затоа што астероидот ќе мине покрај Земјата на трипати поголемо растојание отколку што е Месечината оддалечена од планетата.
Претходните проценки биле дека VR 12 е широк 470 метри, што експертите ги наведе да веруваат дека бил поголем од Бакингемската палата. Од тогаш проценките се намалуваат, но НАСА сè уште го класификува VR 12 како „камен со средна големина“.
Овој астероид за првпат е откриен од страна на Pan-STARRS, и телескопот на Хаваите на 10 ноември 2017 година.
Благодарение на виртуелниот проект телескоп, луѓето ширум светот можат да го видат преминот на овој астероид покрај Земјата користејќи во живот webcast.
VR 12 ќе мине покрај Земјата само неколку дена по астероидот 2018 DV1, кој имал големина на автобус, и минатата недела мина на нешто повеќе од 100.000 километри од нашата планета.
https://www.youtube.com/watch?v=HvAsi63z-v0