Spectacles 2.0, како што се наречени новите паметни очила за сонце на Snap, би требало да бидат отпорни на вода и да пристигнат во нови бои.
Паметните очила за сонце на Snap иако беа спектакуларно најавувани, сепак тие не го пронајдоа патот до сите корисници на Snapchat. После почетната помпа, се паметните очила за сонце на Snap како да паднаа во заборав кај повеќето корисници.
Многумина имаа проблем при самата набавка (Snap ги продаваше на обичните киосци ширум САД), а многумина се прашуваа околу приватноста на сите оние кои што без да знаат се фотографирани или снимени од таквите наочари.
Додека сите помислија дека тоа поглавје е зад Snap, сега се појавија информации дека веќе оваа година би можеле да ја видиме новата верзија на Spectacles, а во 2019-та година и верзијата со две камери.
Spectacles 2.0, како што ги нарекуваат многумина, се шпекулира дека ќе бидат водоотпорни и дека ќе пристигнат во нови бои, откако првата верзија беше достапна само во црна, сина и портокалова боја.
Третата верзија која што светлото на денот би требало да го здогледа веќе следната година, би можела да изгледа сосема поинаку. Наводно би требало да има алуминиумски рамки, кружни леќи и две камери кои што би овозможиле снимање во 3Д.
Засега нема никакви службени информации, но наводно цената на Spectacles 3.0 би требала да се движи околу 300 долари, што е двојно повеќе од актуелните Spectacles кои што се продаваат по цена од околу 130 долари.
Извор: Zimo.hr