Microsoft најави надградена верзија на апликацијата Skype за Android телефоните која ќе биде оптимизирана за да работи на постари верзии на овој оперативен систем и ќе обезбеди подобар видео и аудио квалитет за поевтините и помалку моќни уреди. Новиот апдејт ќе биде приспособен за работа на верзиите од 4.0.3 до 5.1.
Од Microsoft велат дека оваа верзија на апликацијата ќе заштеди внатрешна и RAM меморија и дека ќе го подобри аудио и видео квалитетот за уредите кои имаат ограничени перформанси, како и дека ќе обезбеди подобра конекција кога интернетот или мрежата не е сјајна. Оваа апдејтирана верзија на Skype ќе биде достапна насекаде низ светот во наредните неколку недели.
Овој пристап многу потсетува на она што Google го прави со Android Go, верзија на оперативниот систем Android која зафаќа помалку меморија и помалку го оптоварува RAM-от, со што станува подостапен за поевтините уреди и телефоните кои имаат послаби перформанси.
Ваквото движење станува тренд во последниот период, откако пред неколку месеци Facebook го лансираше Messenger Lite и Twitter ја оптимизираше мобилната апликација за телефони со ограничувања во перформансите.
Извор: Klix.ba