Седумнаесет годишниот студент Зајд Менк, по потекло од Зимбабве, изгради импресивен модел на округот Менхетен во Њујорк. Зајд користел повеќе од 100 различни делови од рециклирани компјутери, телефони, часовници, како и батерии и други делови. За да ја изработи оваа макета му биле потребни повеќе од три месеци макотрпна работа. Резултатот е неверојатен!