Најголемата електрична централа на отпад во светот, во вредност од 680 милиони американски долари, ќе биде изградена на површина од два хектари во индустрискиот дел на Дубаи. Работите ќе започнат оваа година, а електраната би требало да почне со работа во октомври 2020.
Оваа централа ќе обработува над 60 % од цврстиот градски, комерцијален и индустриски отпад, што претставува количина од 5.000 тони на ден. Инсталираниот капацитет на централата е 185 MW, со што може да се обезбеди енергија за 120.000 домаќинства, еквивалентно на 2.000 облакодери Бурџ Калифа. Материјалите кои ќе останат несогорени, односно во вид на пепел ќе се користат како градежен материјал, а за третман на отпадните гасови ќе се користи најмодерна технологија, со минимален импакт врз квалитетот на воздухот. Оваа електрична централа е само дел од „Стратегијата за чиста енергија на Дубаи“, чија цел е да се обезбеди производство на 75 % енергија од „чисти“ извори во вкупното производство до 2050 година. Исто така, оваа постројка е дел и од планот на градот за 2021 година, во насока на создавање одржливо и паметно резиденцијално и бизнис-средиште.
Поврзани артикли