Разговорите со пријатели, излегувања, патување и промена на изглед се одлични рецепти за опоравување по раскинувањето на љубовна врска. Меѓутоа, за некои личности може е доволна и апликацијата „Break-up Boss“, со која што поранешните љубовници се забораваат во неколку чекори.
Оваа апликација постои помалку од една година, а креирана е од експертоот за љубовни врски Зое Фостер Блејк. Како што кажува таа, по 10 години анализирање на различни врски, одлучила да стави крај на пијаните пораки и повици, како и на тажењето кое трае со месеци.
– Поголемиот број на луѓе со кои што комуницирам или патат од тешки раскинувања или поминуваат низ тежок период во врската. Иако овие теми не се воопшто едноставни, помислив како може да ги поедноставам работите, вели Блејк.
Со помош на „Break-up Boss“ апликацијата, која што е достапна за Android и iOS, може полесно да ги контролирате емоциите и чувствата и да пронајдете совети кои може да ве расположат и смират. Доколку се најдете во ситуација кога сакате да се јавите на поранешниот љубовник, апликацијата ќе ве предупреди да не го правите тоа.
Поврзани артикли