Light Phone е креативно дизајниран мобилен телефон којшто ќе ви помогне да ја искорените зависноста од користење на мобилни апликации и да го намалите штетното изложување на светлината од мобилните уреди, пишува Business Insider.
Light Phone e дизајниран да ги има само основните функции – јавување, пораки и мапа. Досега се продадени над 10 илјади вакви мобилни во над 50 држави во светот.
Последните американски истражувања покажале дека американците го користат својот мобилен во просек по пет часа на ден и си ги проверуваат известувањата околу 80 пати. Најголем дел од времето се троши на популарните апликации како Instagram, Facebook, Twitter и Snapchat.