Компанијата „Volkswagen“ објави интересен видео тизер со кој веројатно сакаше да ја испровоцира јавноста презентирајќи ја внатрешноста на својот електричен концепт ID Vizzion. Интересно е што во внатрешноста на моделот која за само неколку дена ќе го видиме и на саемот во Женева, има холограм кој го претставува интерфејсот на мултимедијалниот систем.
ID Vizzion е опремен со два електромотори, чијашто моќност на системот е 306 коњски сили. Тие се напојуваат со батерија од 111 киловат часови. Со едно полнење, Vizzion може да патува до 665 километри, а максималната брзина која ја постигнува е 180 км/ч.
Автомобилот нема ниту волан, ниту сопирачки. Тоа укажува дека е апсолутно беспилотно возило. Возачот може да ја постави патната рута преку гласовни команди, комуницирајки со виртуелниот асистент во автомобилот. Овој асистент може да ги препознае гласовите и гестовите и безрезервно да ги извршува командите.
Поврзани артикли