iPhone X прогласен за смартфон на годината

На Светскиот мобилен конгрес во Барселона (MWC 2018), GSMA Асоцијацијата ги додели наградите за најдобри уреди и услуги.

За прв пат на овој настан, триумфираше iPhone со моделот iPhone X. Ова е преседан со обзир на тоа што Apple никогаш нема учествувано на најголемиот саем за мобилна технологија во Барселона.

Global Mobile Awards се доделуваат секоја година на овој саем, на оние кои најмногу продонесуваат за напредокот на мобилната технологија и иновациите.

Huawei доби награда за своите 5G решенија и услуги, а Samsung за системот Samsung Pay, како и за нивниот Gear VR систем, за придонес во популаризацијата на виртуелната реалност.