Едно од најголемите езера на светот се наоѓа на Антарктикот, но тешко е да со воочи, бидејќи е скриено под голем слој на мраз, кој е дебел дури четири километри.
Се работи за езерото Восток, кое било пронајдедно од советските научници. Проучувајќи ја водата на езерото, научниците се надеваат дека ќе откријат како настанала планетата Земја.
Пред точно 60 години, декември 1957 година, советските научници на најстудениот и најдалечниот регион на Антарктикот ја основале станицата “Восток”. Со други зборови, таа станица се наоѓа во близина на јужниот пол на Земјата на висина од 3.400 метри над површината на морето. Преку таа станица, руските геофизичари направиле сеизмички профили, како би дознале дека под мразот се наоѓа езеро. Почнувајќи од добиените податоци, научниците претпоставиле дека околу станицата, под мразот се наоѓа слој на вода.
Непречната вдлабнатина на замрзнатата површина ја забележале советските пилоти кои од воздухот го набљудувале тогаш недостапниот предел на јужниот пол. Тие ги користеле езерата за навигација. Подоцна се докажа дека тоа навистина било проекција на езера на површината на мразот.
Долго време научниците мислеле дека под дебелите слоеви мраз се наоѓа езерце. Токму после речиси 40 години, после првите геофизички истражувања, 1994 година, научникот Андреј Капица објавил дека на Антарктикот е пронајдено гигантско езеро, речиси со иста големина како езерото Ладога.
С момента, когда я покинул Восток в прошлом сезоне, прошло 10 месяцев – а такое ощущение, что и не уезжал.С первого…
Posted by Alexey Ekaykin on Петок, 15 декември 2017
Со бушење на дебелиот, километарски слој на мраз научниците сакале од различна длабочина да земат по еден примерок за да дојдат до заклучок која клима владеела на Земајата во претходните епохи.
Односно, руските научници со различни методи досега заклучувале дека површината на езерото е оддалечено 3,7 километри. Водената “маса” е поделена на два дела: јужен дел, кој е помал, но подлабок од 800 до 1000 метри и северен дел, кој е голем и длабок до 300 метри. Геофизичарите установиле дека релјефот на езерото потекнува од релативно младиот период кога се формирала Земјената површина.
Бушењето на мразот е повторено во 2006 година, но неуспешно. На 5 февруари 2012 година избушиле до површината на езерото.
Вториот пат научнците до водената површина стигнале на 15 јануари 2015 година, а примероците кои ги добиле научниците детално биле истражувани.
“Интересирањето на научниците е во истражувањето на можните облици на микробен живот, кој може да преживее во екстремни услови под притисок од 400 бари и на температура која е блиску на нула степени, без светлост, без органски јаглерод диоксид растворен во вода, во изолирана состојба до други живи системи и многу малку кислород”, пишува во статијата на Сергеј Булат, шефот на лабараторија на институтот за атомска физика на Петербург.
После детално проучување на примероците издвоени се 49 различни ДНК филотипова бактерија од кои многумина се неважни. Само два филотипа се интересни за научниците. Едниот наликува на бактеријата janthinobacterium sp, а другиот припаѓа на непознат вид и наликува на познатите микроорганизми во одреден степен.
Она што сè уште не е познато е дали воопшто има живот во езерото под мразот. Најголемиот прогрес во истражувањето ќе биде направен кога ќе пристигнат примероци од дното на езерото, бидејќи таму има потопли и повеќе минерални хранливи материи. Научниците веруваат дека езерото Восток постоело до моментот кога копното било прекриено со дебел слој на мраз.
Извор: B92.net