Компанијата Nomu позната првенствено по производство на паметни телефони, најави нов модел М6 со дебелина од само 10 милиметри. Производителот тврди дека тоа ќе биде најтенкиот паметен телефон, кој е сертифициран според воениот стандард MIL-STD-810G и IP68 рејтинг на заштита. Покрај тоа, новиот модел е опремен со батерија од 3000 mAh и поддржува брзо полнење.
„Бидејќи заштитените паметни телефони стануваат се повеќе популарни овие денови, ние ќе се обидеме да го објавиме нашиот посебен уред кој е погоден за секојдневна употреба“, вели Ерик Ли од Nomu.
M6 ќе добие 5-инчен дисплеј, покриен со 2.5-инчен Corning Gorilla Glass од третата генерација со закосени рабови по должината на рабовите, а задната страна има огледало. Вградената батеријата од 3000 mAh, според производителот, е доволна за 31 час телефонски повици или 365 часа работа во мирување. Паметниот телефон поддржува технологија за брзо полнење.