Гласовниот асистент на Google оваа година ќе биде значително унапреден кога се во прашање јазиците кои што ќе ги „разбира“ и „зборува“.
Како што велат од Google, унапредениот Google Assistant ќе може да разбира и зборува на 30 јазици, а тоа било доволно за да се покријат околу 95% од корисниците на оперативниот систем Андроид.
Како што откриваат американските медиуми, Google Assistant ќе може автоматски да го препознае јазикот на кој што некој ќе му се обрати и потоа на истиот јазик ќе му одговори на корисникот. Така, ако зборувате повеќе јазици, нема повеќе да бидете ограничени на само еден (на пример англискиот) кога станува збор за комуникацијата со Google Assistant.
Кога беше пуштен во употреба за прв пат, Google Assistant поддржуваше само англиски јазик. Со тек на време започнаа да се развиваат и францускиот, италијанскиот, јапонскиот, корејскиот, шпанскиот и бразилскиот јазик, па така во следните десет месеци беа додадени околу 22 јазици во системот на Google.
Главниот производител на Google Assistant, Ник Фокс откри дека Google нема намера да сопре на 30 јазици. Меѓу новите јазици кои што Google ќе ги вгради во својот гласовен асистент ќе бидат данскиот, холандскиот, хинди, индонезискиот, норвешкиот и шведскиот јазик.
Јазичното унапредување е голем чекор за Google Assistant затоа што досега корисниците мораа да ги променат целосните јазички подесувања на Андроид системот за да бидат усогласени со „асистентот“.
Покрај тоа, поддршката на 30-те јазици ќе ја зајакне позицијата на Google на пазарот. На пример, гласовниот асистент на Apple – Siri, поддржува во јазици од кои девет се различни дијалекти на англискиот јазик.