Жителите на рускиот град Санкт Петербург имале прилика да уживаат во неверојатното светлосно шоу кое го креирала природата. Имено, небото било прекриено со светлосни “столбови” поради што градот изгледал како зимско чудо.
Небото над рускиот град имало жолти, црвени, сини и зелени бои поради што жителите помислиле дека е поларна светлинa, меѓутоа станува збор за поинаков феномен познат како “светлосни столбови”.
https://www.instagram.com/p/Bfkr9GXAkgm/?utm_source=ig_embed
Овој редок визуелен природен феномен се создава така што светлото се рефлектира од ледените кристали во воздухот. Светлото може да доаѓа од Сонцето (најчесто при залезот) во чиј случај појавата се нарекува сончев столб или соларен столб. Понекогаш изворот на светлина може и да е Месечината и вештачките светла, како уличното осветлување.
Оптичката илузија од одредени агли на набљудување прави светлата да изгледаат како цврсти столбови.