Wave Rock е природно формирана карпа која се наоѓа во Западна Австралија, 340 километри југоисточно од градот Перт. Специфичноста на оваа карпа е нејзината неверојатна форма, која многу потсетува на морски бран, кој сурферите со нетрпение чекаат да го „уловат“ во разбрануваните мориња и океани.
Овој спектакуларен камен бран е висок околу 15 метри и долг 110 метри. Wave Rock и Hyden Rock се дел од Hyden Park во кој се сместени диви животни, природен резерват од 160 хектари, кој се смета за еден од најубавите места во Австралија.
Wave Rock е формиран како резултат на ерозија и атмосферски влијанија, како што се ветер и дожд, а е создаван во текот на неколку милениуми. Боите на оваа карпа се производ на минералите од кои е составена и кои и даваат неверојатна композиција со помош на светлината, во зависност од времето на денот и сезоната.
Поврзани артикли