Новите научни откритија во шпанските пештери претставуваат најсилен доказ дека неандерталците први почнале да се занимаваат со уметност.
Главното откритие претставува староста на некои пештерски сили и декорациите на школките.
– Пештерските слики се стари околу 65.000, а декорациите на школките околу 115.000 години, кога живееја неандерталците, се посочува во студијата објавена во Science.
Европските истражувачи открија дека таквите дела се создадени пред современиот човек (homo sapiens) и дека станува збор за неандерталците, праисториски луѓе кои живееле во делови од Европа и од Азија.
Досега се сметаше дека првите пештерски слики се дело на хомо сапиенсот.