Основачот на компанијата SpaceX Елон Маск, на социјалните мрежи објави снимка од лансирањето на првите интернет сателити во Земјината орбита во траење од осум секунди.
Маск соопшти дека сателитите се распоредени во ниска орбита и дека ќе комуницираат со станици на Земјата.
Сателитите наречени Тинтин А и Тинтин B се дел од мрежата на сателити Starlink, чија цел е да овозможат побрз интернет ширум светот, а посебно во неразвиените земји.
Кога ќе се завршат сите неопходни тестирања, лансирањето на оперативниот систем би можело да започне во 2019 година.
Сателитите се лансирани со помош на ракетата Falcon 9, со која е лансиран и шпански радарски опсервациски сателит Паз, како и два демо сателити.
First two Starlink demo satellites, called Tintin A & B, deployed and communicating to Earth stations pic.twitter.com/TfI53wHEtz
— Elon Musk (@elonmusk) February 22, 2018
Лансирањето претходно беше планирано за 17 февруари, но беше одложувано неколку пати.
Маск додаде и дека мрежата на сателити, ако се покаже како успешна, ќе им биде од корист на оние на кои им е најпотребна.
Целиот проект ќе чини околу 10 милијарди долари. Во план е 12.000 сателити постојано да бидат во движење и да ја покриваат секоја точка на Земјата.
Successful deployment of PAZ satellite to low-Earth orbit confirmed. pic.twitter.com/xOEuyaFrcZ
— SpaceX (@SpaceX) February 22, 2018